Тешка сообраќајка попладнево се случи на експресниот пат Прилеп-Градско кај клучката кај Кавадарци. Две лица загинаа, а едно е тешко повредено.

Првичните информации говорат дека до сообраќајната несреќа дошло при директен судир на двет патнички возила. Загинале маж и жена од едното возило, а возачот од другото возило е со тешки повреди е пренесен во болница.
Во моментот се прави увид на лице место, а сообраќајот е пренасочен.




