дома Македонија До Алиу стигнале сомнежи за злоупотреби на листите за чекање за операции,...

До Алиу стигнале сомнежи за злоупотреби на листите за чекање за операции, на листите има и починати лица

Првиот човек на Министерството за здравство Азир Алиу потврди дека до него стигнале сонмежи од пациенти за злоупотреби на листата за чекање за операции, а на неа дури има и починати лица.

Алиу вели дека листите за чекање ќе мора да се прочистат, а за сомежите за злоупотреби не сакаше јавно да соопшти детали бидејќи, рече, не се доволно документирани.

– Мора да ги анализираме, работиме да ги детектираме таквите можни злоупотреби со листите на чекање. ​Исто така, листата на чекање треба да се чисти. Имаме пациенти кои за жал веќе не се меѓу нас и треба да се чистат, но тоа не можеме ние како Министерство. Мора заедно со здравствената институција да го направиме, законски да се исчистат, изјави денеска Алиу.

ПредходнаМелони: ЕУ треба да назначи еден претставник за преговори со Русија
СледнаДЕИ: 74,4 проценти од граѓаните би гласале за референдумот за пристапување на БиХ во ЕУ