дома Локално Сончево преку ден, дожд од попладне до сабота

Сончево преку ден, дожд од попладне до сабота

Синоптичарите за денес најавуваат сончево и топло време со повремени врнежи од дожд во попладневните часови и во текот на ноќта. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и невреме со појава на град.

Во Скопје, во вечерните часови и во текот на ноќта во делови од котлината се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Променливото облачно време ќе се задржи и утре кога претпладне се најавуваат повторно повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец кој ќе услови намалување на температурата.

За време на викендот ќе биде стабилно со северен и северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 30 степени.

ПредходнаГолем пожар во Штип, Јорданов побара помош од други градови
СледнаСилни американски напади врз Иран. „Ќе ги бомбардираме до смрт ако не потпишат“