дома Македонија Девојка од струшко Ливада загина во сообраќајка во Албанија

Девојка од струшко Ливада загина во сообраќајка во Албанија

Девојка од струшкото село Ливада загина во сообраќајна несреќа на патниот правец Поградец – Ќафасан во Албанија.

Девојката на 26-годишна возраст била сопатник во возилото со македонски таблички кое се судрило со возило со албански таблички.

Според информациите пласирани во дел од медиумите, повредени се и возачите на двете возила, како и уште двајца патници кои се наоѓале во двете возила.

Сите повредени се пренесени во болница, а според информациите на албанските медиуми, нивната состојба е стабилна и тие се надвор од животна опасност.

На местото на несреќата извршен е увид и се работи на утврдување на причините поради кои долшо до несреќата.

ПредходнаНов пожар во штипско меѓу селата Долани и Љуботен, едно лице со изгореници
СледнаТопло денес, утре и задутре преодна дестабилизација