дома Македонија Бебе оставено на клупа во Скопје

Бебе оставено на клупа во Скопје

Бебе старо седум до осум месеци било оставено на клупа. Го пронашол скопајнец кој случајот го пријавил во полиција.
Бебето е пронајдено во парк на подрачјето на Шуто Оризари и однесено во комплексот клиники Мајка тереза каде е коснтатирано дека е во добра здравствена состојба.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека на разговор биле повикани неколку лица.
– По преземени мерки, во полициското одделение – Шуто Оризари на разговор се повикани М.М.(49), И.М.(54) и Ш.М.(32), сите од Скопје, кои појасниле дека Ш.М. на подрачјето на Центар се сретнала со С.Н., која ѝ го дала детето да го причува. Откако С.Н. не се вратила, Ш.М. со бебето заминала во населбата Шуто Оризари и го оставила детето во паркот, информира МВР.
За настанот известен бил јавен обвинител.

 

ПредходнаПо ЕЦБ и Народна банка ја зголемува основната каматна стапка
СледнаПатник се обидел да внесе бомба во авион со тајмер наместен на 15 минути