Бугарското Министерство за внатрешни работи дало дозвола за блокада на три македонски гранични премини на 21 Јуни. Блокадата, која ќе трае 2 часа, е организирана од антимакедонската бугарска Фондација Македонија.

Во најавата за блокадата на Деве Баир, Делчево и Ново Село се вели дека протестот е координиран со Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија.
Целта, според најавата, е да му се покажело на македонскиот премиер Мицкоски дека не може да продолжи со наводниот прогон на Бугари во Македонија.
,,Дојдете оваа недела од 11 часот на една од трите гранични точки со Македонија за заедно да ја блокираме границата со Македонија 2 часа. Нашата цел е да му покажеме на Мицковски дека не може да продолжи со репресиите. Не ни е цел да ги попречуваме граѓаните и нивниот слободен премин преку границата, затоа блокираме 2 часа, а не трајно! Дојдете и покажете единство и сила, Бугари”, повикува фондацијата Македонија.




