Осум дена притвор доби скопјанецот кој опожари две дипломатски возила пред Бугарската амбасада.
Чеитириесет и четиригодишниот скопјанец, како што пренесоа дел од медиумите, го признал делото во полиција.
Тој беше снимен на безбедносните камери, идентификуван и приведен истиот ден кога го стори делото.
Инцидентот беше осуден како од македонските, така и од бугарските власти.
Според Обвинителството, тој се товари за кривично дело – предизвикување општа опасност.




