дома Локално Стоп за „Усје“ обвинува дека Цементара бара продолжување на работата со 19...

Стоп за „Усје“ обвинува дека Цементара бара продолжување на работата со 19 години стари стандарди за животна средина

 Граѓански организации обвинија дека цементарницата Усје бара продолжување на работата според гранични вредности за загадување утврдени во 2007 година, наместо усогласување со европските стандарди и најдобрите достапни техники за намалување на емисиите.

Според нив, во поднесеното барање нема конкретни мерки за намалување на загадувањето, а предлозите доставени од граѓанското општество не биле земени предвид.

Тие бараат од Министерство за животна средина и просторно планирање да не усвои, како што наведуваат, „неусогласена и незаконска дозвола“, туку да обезбеди примена на европските стандарди за заштита на воздухот и јавното здравје.

Воедно, организациите најавија марш за 23 јуни со почеток во 18 часот, кој ќе се одржи на релација од Собранието до Министерството за животна средина и просторно планирање.

Од Титан Усје до јавноста го доставија неделниот извештај за период 05.06 до 11.06 за измерени средно-дневни вредности на емисиите од главните емисиони точки според кој извештај, емисиите од работата се под граничните вредности определени со закон.

ПредходнаХилари Клинтон за изборите во 2024 година: „Бајден направи огромна грешка“
СледнаЛев не ја гледа Германија меѓу фаворитите за титулата