дома Свет Најмалку едно лице загина во земјотрес со јачина од 6,7 степени во...

Најмалку едно лице загина во земјотрес со јачина од 6,7 степени во Индонезија

Земјотрес со јачина од 6,7 степени што го погоди дел од островот Сулавеси во централна Индонезија во вторник, уби најмалку едно лице, а 38 се повредени, соопштија денес официјални лица.

Seismograph with paper in action and earthquake – 3D Rendering

Земјотресот, чиј епицентар беше регистриран околу 43 километри југоисточно од Палу, на длабочина од околу десет километри, оштети домови и инфраструктура, пренесува АП.
Силниот земјотрес ги принуди луѓето да ги напуштат своите домови и да избегаат во отворените области во и околу Палу, град со околу 400.000 жители, кој е главен град на покраината Централен Сулавеси.
Според портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи, Абдул Мухари, неколку болници евакуираа пациенти, а во прелиминарниот извештај се вели дека 38 лица се повредени и однесени во блиската болница, од кои 13 се сериозно повредени.
Мухари рече дека земјотресот предизвикал голема штета на зградите и инфраструктурата, вклучувајќи 67 куќи, шест верски објекти, четири јавни згради, два моста, две владини згради и три канцелариски згради.
Земјотресот пресече дел од покраинскиот пат што го поврзува градот Палу со соседните регентски области Сиги и Посо.
Индонезиската агенција за метеорологија, климатологија и геофизика регистрираше најмалку 71 последователни потреси во текот на денот.

ПредходнаГерманското население стагнира
СледнаВладејачката ВМРО-ДПМНЕ слави 36 години постоење