Дел од центарот на Скопје и дел од Гази Баба денеска ќе останат без вода од 9 часот од 22 часот.
Без вода ќе бидат зградата на МАНУ, Основниот Суд 2, Младинскиот Културен Центар, Универзитетската Библиотека, Универзитетот Св. “Кирил и Методиj”, Трговскиот центар Мавровка, дел од Турска Чаршија, Саат Кулата, улиците Петар Ѓеоргиев, Отокар Кершовани и Адвокатска, булеварот Крсте Мисирков, Крњево, Македонска Телевизија и трговскиот центар Ист Гејт.

Според јавното претпријатие „Водовод и канализација“ намален притисок ќе има и ниската зона од Автокоманда до Камник.
Причина за прекинот е санирање на дефект на затварачи на водоводна линија на бул. Крсте Мисирков и Кеј Димитар Влахов.




