„Шефлер и Делер“ (Делаир) планираат да произведуваат по 100 офанзивни и пресретнувачки дронови дневно во француската фабрика од ноември, објави германската компанија во петокот.
Во првата фаза ќе се произведуваат дронови од типот Дамокле и пресретнувачи од типот Аспик. „Шефлер“ ќе снабдува компоненти и ќе помага во модернизацијата и адаптацијата на фабриката на „Делер“ за масовно производство.
„Шефлер“ е меѓу 10-те најголеми добавувачи на автомобилска опрема во светот.
Компанијата неодамна призна дека нејзините традиционални сектори, како што е производството на делови за класични погонски системи, повеќе не носат раст.
Затоа тие се свртуваат кон нови области, како што се производството на компоненти за хуманоидни роботи, воздухопловната и воената индустрија.




