дома Бизнис Добавувачот на автомобилски компоненти „Шефлер“ влегува во производство на дронови

Добавувачот на автомобилски компоненти „Шефлер“ влегува во производство на дронови

Германската компанија „Шефлер“, која досега беше активна само како добавувач во автомобилскиот сектор, започнува со производство на воени дронови со француски партнер.

„Шефлер и Делер“ (Делаир) планираат да произведуваат по 100 офанзивни и пресретнувачки дронови дневно во француската фабрика од ноември, објави германската компанија во петокот.

Во првата фаза ќе се произведуваат дронови од типот Дамокле и пресретнувачи од типот Аспик. „Шефлер“ ќе снабдува компоненти и ќе помага во модернизацијата и адаптацијата на фабриката на „Делер“ за масовно производство.

„Шефлер“ е меѓу 10-те најголеми добавувачи на автомобилска опрема во светот.

Компанијата неодамна призна дека нејзините традиционални сектори, како што е производството на делови за класични погонски системи, повеќе не носат раст.

Затоа тие се свртуваат кон нови области, како што се производството на компоненти за хуманоидни роботи, воздухопловната и воената индустрија.

ПредходнаПарада на гордоста попладне во Скопје
СледнаМерц: Предлогот за буџетот на ЕУ е премногу амбициозен дури и по кратењата