дома Култура „Книжевен жезол“ за македонски автор и бугарска авторка

„Книжевен жезол“ за македонски автор и бугарска авторка

По триесетти пат денеска ќе се одржи манифестацијата „Празник на липите“, на која ќе бидат врачени наградите „Книжевен жезол“, кои секоја година се доделуваат на еден домашен и на еден странски поет за нивниот повеќедецениски поетски опус со високи естетски вредности и за нивниот влог во негување на книжевните врски меѓу Македонија и другите земји.

Годинешни лауреати се македонскиот поет академик Ристо Василевски и бугарската поетеса Роза Бојанова.

За нивното творештво свечени беседи ќе одржат поетесата Сузана Мицева, минатогодишна финалистка на наградата „Ацо Шопов“ на Друштвото на писателите на Македонија, односно поетесата Драгана Евтимова, главен и одговорен уредник на издавачката куќа „Фуснота“. 

 

Предходна20.000 луѓе во Арената: Јаков Јозиновиќ го отпеа својот албум за прв пат на концерт
СледнаНе е само вода – 4 пијалоци што ќе нè одржат хидрирани во жешките летни денови