дома Култура Музички спектакл во Скопје, 240 музичари од три држави под отворено небо

Музички спектакл во Скопје, 240 музичари од три држави под отворено небо

Скопје вечерва ќе биде домаќин на музички спектакл. Во Градскиот парк под отворено небо ќе настапат Македонската филхармонија, Софиската филхармонија и Симфонскиот оркестар од Солун.

На сцената, 240 музичари под диригентската палка на Најден Тодоров ќе ja изведат „Кармина Бурана“.

Концертот почнува од 21 часот, а ќе настапат солистите Ана Дурловски (сопран), Николас Спанос (тенор) и Иво Јорданов (баритон), како и Хорот на Музичкото училиште од Солун и детскиот хор „Пиколо“.

ПредходнаФИФА создаде машина за пари: Над 250 милиони долари приходи од рекламирање за време на паузите на СП
СледнаРазговорите за реконструкцијата продолжуваат, денес средба со ЗНАМ