дома Свет Вонредна состојба во Лос Анџелес — беснее пожар, семејства бараат засолниште

Вонредна состојба во Лос Анџелес — беснее пожар, семејства бараат засолниште

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, вчера прогласи вонредна состојба за градот да ги добие потребните ресурси за справување со големиот пожар во магацин, од кој во воздухот се издигнаа големи облаци чад, објави „Си-ен-ен“.

„Градот и округот отворија простори за семејствата што бараат засолниште од чадот, а ние ќе продолжиме да работиме деноноќно и ќе направиме сè што е можно за целосно да го изгаснеме пожарот“, изјави Бас во соопштението со кое беше најавено прогласувањето вонредна состојба.

Со прогласувањето на вонредната состојба ќе се обезбеди градот да ги има потребните ресурси.

 

Пожарот избувна во средата попладне во магацин за замрзната храна со површина од 46.400 квадратни метри.

Според надлежните, гаснењето било отежнато поради запалена изолациска пена, сомнежи за истекување амонијак и поради топење на соларни панели.

ПредходнаНамалување на цената на горивата од понеделник
СледнаПронајден возачот што удри девојче и избега од местото на несреќата