дома Македонија Црна хроника Пронајден возачот што удри девојче и избега од местото на несреќата

Пронајден возачот што удри девојче и избега од местото на несреќата

Полицијата го идентификуваше и пронајде 19-годишниот возач кој по сообраќајната несреќа во скопското село Визбегово го напуштил местото на настанот. Во несреќата тешко беше повредено тригодишно девојче кое управувало детски велосипед.

Според информациите од СВР Скопје, станува збор за лице од селото Добрино кое управувало патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки.

Возилото е пронајдено и подложено на увид и фотографирање.

Со возачот е извршен службен разговор, а надлежните институции продолжуваат со целосно документирање на случајот.

ПредходнаВонредна состојба во Лос Анџелес — беснее пожар, семејства бараат засолниште
СледнаПочнува летото-Денеска е летниот солстициј