дома Магазин (Фото) „Пеев, шетав, пливав, се смеев…“: Рики Мартин покажа како си поминал...

(Фото) „Пеев, шетав, пливав, се смеев…“: Рики Мартин покажа како си поминал во Белград и во Пула

Светската музичка ѕвезда Рики Мартин одржа концерти во Белград и во Пула оваа недела, а времето поминато во земјите од поранешна Југославија го сподели со своите следбеници на Инстаграм.

Пејачот објави серија фотографии од Белград и Пула на социјалната мрежа, и ја искористи можноста да го најави претстојниот концерт во Италија.

View this post on Instagram

 

A post shared by Ricky Martin (@ricky_martin)

„Пеев, патував, шетав, пливав, се смеев и направив селфи во огледалото кое испадна одлично… ќе го повторам. Неделата беше одлична“, пишува во описот на серијата фотографии, каде што додал дека бил во Србија и Хрватска, а потоа додал дека вечерва настапува во Италија.

Инаку, пред концертот во Пулската арена, Рики Мартин одржа спектакуларен настап во Белград на вода во рамките на „Белград Ривер Фест“, каде што се обрати на српската публика велејќи, меѓу другото, дека ова е негов прв концерт во Србија.

Концертот го отворил со песната „Maria“, еден од своите најпрепознатливи хитови, а потоа следувале песните „Love You for a Day“, „Shake Your Bon-Bon“, „She’s All I Ever Had“, „Nobody Wants to Be Lonely“ и други песни што ја одбележаа неговата кариера.

Настапот бил проследен со атрактивна кореографија, визуелни ефекти и раскошна сценска продукција, додека публиката пеела и танцувала заедно со познатиот Порториканец.

ПредходнаОваа „здрава намирница“ е опасна за црниот дроб
СледнаПринцот Вилијам на 44 години