дома Македонија Охридскиот аеродром се поврзува со Виена

Охридскиот аеродром се поврзува со Виена

Охридскиот аеродром од денеска се поврзува со уште една европска дестинација. Се воспоставува  авиолинија од Виена до Охрид што ќе ја реализира Austrian Airlines.

По повод пристигнувањето на првиот лет од Виена до Охрид најавена е прес-конференција на Охридскиот аеродром на која ќе се обратат генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, како и Матијас Хуменбергер, заменик шеф на Мисијата во Австриската амбасада во Скопје и Штефан Линхарт, виш директор за продажба за Централна и Источна Европа, Израел и Турција во групацијата Луфтханза.

ПредходнаГрадскиот парк и „Кармина Бурана“ културно го обединија регионот
СледнаВенс и Иранците пристигнаа во Швајцарија, започнуваат преговорите