дома Македонија Економија Намалување на цената на горивата од понеделник

Намалување на цената на горивата од понеделник

  Премиерот Христијан Мицкоски очекува стабилизација на пазарот со нафтените деривати по најавите за мировни преговори меѓу САД и Иран. Во понедленик кога Регулаторната комисија за енергетика треба да донесе нова одлука за горивата, премиерот очекува намалува на бензините за околу четири денари и на дизелот за околу седум денари. 

– Ние правевме наши калкулации, малку е зголемена и вредноста на доларот. Очекувам во понеделник врз основа на тие калкулации, бензините некаде околу четири денари по литар да се намалат, а дизелот нешто повеќе, околу седум денара по литар да се намали. Така што да почекаме во понеделник Регулаторната комисија официјално да соопшти, изјави   Мицкоски .

Премиерот очекува дека со финализацијата на мировните преговори меѓу САД и Иран ќе се стабилизира цената на нафтата на светските берзи и целата ситуација со енергенсите, но нагласува дека сепак тоа ќе биде процес којшто нема да се заврши од денес за утре.

Со финализирањето на кризата, Мицкоски очекува да се влезе во помирни води и до крајот на годината просечната цена за барел да биде меѓу 70 и 80 долара.

Предходна5 вообичаени заблуди за неверството
СледнаВонредна состојба во Лос Анџелес — беснее пожар, семејства бараат засолниште