дома Македонија Завршија првичните разговори за реконструкцијата, следуваат финални консултации

Завршија првичните разговори за реконструкцијата, следуваат финални консултации

Првичните разговори за најавената владина реконструкција завршија. Во наредните неколку денови следуваат финалните консултации и разговори меѓу коалициските партнери во Владата на кои ќе бидат разгледани и потврдени конечните решенија и позиции.

Од Владата ги оценија првичните разговори како конструктивни на кои биле потврдени принципите коишто премиерот Христијан Мицкоски ги најави на  прославата на роденденот нна партијата во Струмица, а кои се однесуваат на одговорност, резултати, достапност до граѓаните, ефикасност во работењето …

Реконструкцијата, според Владаtа, не се води од партиски или персонални интереси, туку од потребата за дополнително јакнење на институционалниот капацитет и уште поефикасна реализација на владината програма.

Опизицијата смета дека реконструкцијата нема да донесе ништо ново и подобро за народот. Претседателот на партијата Венко Филипче вчера на преск- онференија рече дека ќе бидат направени козметички промени, но без резултати за граѓаните.

Опозицијата не планира да биде и алиби за предвремени парламентарни избори. Од седиштето на Биќачка вчера си порака – ќе има избори кога ќе снема пари во Буџетот.

Идејата за предвремени избори неколкупати досега ја отвара премиерот Христијан Мицкоски, според кого земјата треба да оди на редовни избори во 2028 година, но доколку се бара да има предвремени избори, вели дека се подготвени.

ПредходнаЗа едно деноноќие приведени 20 возачи – 16 возеле без дозвола, а четворица под дејство на алкохол
СледнаКонференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа во Скопје