дома Македонија Економија Мицкоски до маркетите: Граѓаните беа толерантни, сега е ред на вас

Мицкоски до маркетите: Граѓаните беа толерантни, сега е ред на вас

Премиерот Христијан Мицкоски со порака до маркетите и дистрибутерите – граѓаните беа толерантни, сега е ред на вас.

Мицкоски денеска изјави дека денеска ќе има средба со претставници на маркетите, дистрибутерите и трговците на кој ќе побара намалување на цените на производите.

– Граѓаните беа толерантни, сега е на редот на трговците, дистрибутерите и маркетите да им се оддолжат со намалување на цените. Очекувам веднаш да пристапат кон корекција на цените, особено на основните прехранбени производи, рече  Мицкоски.

Доколку тоа не се случи, рече дека Владата има механизми да интервенира.

– Оправдувања и изговори не прифаќам. Ако не се види реакција од маркетите, дистрибутерите и производителите во следните денови, Владата ќе реагира- истакна тој.

Сојузот на синдикати на Македонија пресмета дека за јуни минималните трошоци на едно семејство од четири члена изнесувале 68 654,00 денари, а со изнајмен стан од 60 квадрати 84 024,00 денари.

 

 

 

ПредходнаИтна интервенција на концертот на Род Стјуарт: Пејачот едвај стоел на нозе, морал да прими кислород