дома Култура Недела на италијанскиот филм под мотото „Љубовта во сите нејзини облици“

Недела на италијанскиот филм под мотото „Љубовта во сите нејзини облици“

Од денес до сабота во Скопје ќе се одржува 26. издание на Неделата на италијанскиот филм во рамки на 9. издание на „Fare Cinema“, иницијатива осмислена од Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија (MAECI), во соработка со Министерството за култура. Целта е да се валоризираат италијанската кинематографија и аудиовизуелна индустрија ширум светот.

Ќе биде претставен циклус од шест проекции посветени на современата италијанска кинематографија. Централната нишка на ова издание на Неделата на италијанскиот филм е Љубовта во сите нејзини облици“, тема која ја предводи и културната програма за 2026 година на Амбасадата на Италија во Скопје.

Фестивалот ќе биде отворен денеска со филмот „Помилување“ (La Grazia, 2025), новото ремек-дело на оскаровецот Паоло Сорентино.

Во вторник ќе биде прикажан филмот „Кратка љубовна приказна“ (Brevе storia d’amore, 2025) на Лудовика Рамполди, а во среда „Премолчените нешта“ (Le cose non dette, 2026), најновото остварување на Габриеле Мучино.

Во четврток ќе биде прикажан филмот „Ана“ (Anna, 2025), прво режисерско дело на Моника Гвериторе, која го потпишува и сценариото и ја толкува главната улога, додека во петок ревијата ќе продолжи со филмот „Радост моја“ (Gioia mia, 2025), режисерско деби на Маргерита Спаминато.

Фестивалот ќе биде затворен во саботасо филмот „Живот во рамнина“ (Le città di pianura, 2025) на Франческо Сосаи, кој триумфираше на наградите „Давид ди Донатело“ во 2026 година, освојувајќи го, меѓу бројните награди, и престижното признание за најдобар филм на годината.

Сите филмови ќе се прикажуваат во оригинална верзија на италијански јазик со титлови на македонски и англиски јазик. Проекциите ќе се одржат во култната Кинотека освен првата вечер која ќе биде во летното кино на отворено со почеток во 20:30 часот Влезот ќе биде слободен се’ до исполнување на местата.

ПредходнаУште денес променливо време, утре и задутре дожд
СледнаВојната со Иран ги чинеше САД 40 милијарди долари. Обичните Американци ја платија цената.