Мајката на актерката Дејви Чејс, Кети Чејс, која се прослави со улогата на Самара Морган во хорор филмот „Прстенот“ и со позајмувањето на гласот на Лило во класикот на „Дизни“ „Лило и Стич“, проговори за смртта на својата ќерка.
Дејви почина на 35-годишна возраст, што беше потврдено на 17 јуни, а нејзината мајка Кети ја сподели својата реакција и детали за борбата на нејзината ќерка со зависноста во ново интервју, пишува „Пипл“.
– Се чувствував како некој да ми го извлекува целиот воздух од белите дробови, а истовремено како да ќе експлодирам. Го испуштив тој животински крик и едноставно почнав да трчам. Од мене излегуваа некои чудни, примитивни звуци. Излегов во дворот и врескав: „Не, не, не, не!“ Боли толку многу, но се надевам дека нејзината душа тоа го слушна – опишала таа.
Борба со зависноста
Кети Чејс тврди дека нејзината ќерка се борела со зависност, која наводно започнала пред околу десет години по несреќа со мотор. Поради повредата на грбот, таа земала лекови против болки, што, според нејзината мајка, било почетокот на проблемот.
Потоа, покојната актерка почнала да бара дрога и да се дружи со погрешни луѓе, раскажала мајката, додавајќи дека Дејви се била бездомничка.
Во меѓувреме, момчето на Дејв, Рој Хернандез, започна кампања GoFundMe тврдејќи дека актерката добила менингитис и неколку сериозни инфекции на крвта и дека нејзината состојба станала критична.
Тој исто така изјави дека таа имала тешко детство и ги прекинала односите со семејството. Нејзиниот поранешен менаџер и долгогодишен пријател Џон Рајан реагираше на ова, повикувајќи ги обожавателите да не му веруваат и да не донираат пари за кампањата.
Последната средба и болката на мајката
Кети, инаку поранешна медицинска сестра која се преселила од Орегон во Лос Анџелес за да ја поддржи актерската кариера на својата ќерка, последен пат ја видела Дејви во октомври 2019 година кога ја посетила во затвор. Планирала да ја пречека по излегувањето, но било предоцна.
– Отидов да ја земам денот откако беше пуштена, бидејќи не знаев дека излегла претходно. Не можам да престанам да се обвинувам себеси поради тоа. Се врати на улица откако излезе – рекла таа. Потоа, тие целосно го изгубиле контактот.
– Тоа ме погодува бидејќи луѓето велат дека сигурно сум била лоша мајка, но никогаш не се откажав од неа. Како мајка, не се откажуваш од своето дете. Се надевав дека сепак ќе се врати дома. Никогаш не ја избркав ќерка ми – рекла мајката на актерката Дејви.
Таа забележала дека „очајно се обидува да најде помош за Дејви, но не можете законски да присилите некого да побара помош ако не ја сака“.




