дома Македонија Црна хроника Приведени седум дилери во Скопје и струмичко

Приведени седум дилери во Скопје и струмичко

Седум лица лишени од слобода во Скопје и струмичко затоа што кај нив била пронајдена дрога

Man in handcuffs

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода седум лица кај кои била пронајдена дрога.

На 21/22.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода К.Р.(34), А.Р.(19), М.Р.(21), М.К.(37), сите од Скопје, Т.Б.(28) од с.Волково, скопско и А.А.(37) од с.Сингелиќ, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени грутчеста материја, прашкаста материја и марихуана.

На 20.06.2026, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода С.К.(33) од село Бориево, струмичко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници во дворното место пронашле две засадени стебла од растението канабис. Исто така, лицето доброволно предало и три стебла канабис, кои ги засадил на локација во атар на с. Бориево. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на случаите против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци.

ПредходнаНафтата поевтинува за 7 денари, бензинот за 4 денари – РКЕ со одлични вести
СледнаГрантови до 10.000 евра за младите – Објавен јавниот оглас за самовработување