дома Македонија Политика Гром удри директно на граничниот премин „Евзони“ – туристите заглавени

Гром удри директно на граничниот премин „Евзони“ – туристите заглавени

Граничниот премин „Евзони“ на македонско-грчката граница се соочи со сериозни технички проблеми по удар од гром, кој предизвика прекин на електричната енергија и го наруши работењето на клучните системи.

Според последните информации објавени на српските медиуми, агрегатите во моментов не успеваат да обезбедат доволно енергија за непречено функционирање на сите уреди и услуги на преминот.

Дополнителни тешкотии се појавиле поради проблеми со интернет-врската, па дури и во областите каде што снабдувањето со електрична енергија е стабилизирано, системите не работат со полн капацитет.

Поради комбинација од прекини на електричната енергија и прекини во комуникациските мрежи, имаше сериозни застои и отежнато функционирање на преминот, што предизвика целосен колапс на работата на граничните служби.

Граѓаните кои треба да го преминат овој граничен премин ноќеска велат дека се загрижени за целата ситуација бидејќи не знаат што ги чека.

Постојат многубројни сведоштва од патници дека ноќеска имаа сериозен застој или прекин на работата на Евзони и дека дел од возилата се пренасочуваа кон Дојран, но сѐ уште нема официјална потврда дека причината е удар од гром и дефект на електричната и интернет-мрежата.Има алтернативно напојување но се оди премногу споро велат заглавените туристи

Евзони веќе неколку дена работи под огромен притисок поради летната сезона и новиот шенгенски систем за биометриска регистрација на патниците, поради што се создаваат километарски колони и повеќечасовни чекања.

ПредходнаОН: Во тек е план за евакуација на заглавените бродови низ Ормутскиот теснец
СледнаМелони повикува на нормализација на односите по судирот со Трамп