дома Локално Дожд и ветер, наместа невреме

Дожд и ветер, наместа невреме

Под влијание на циклонска активност од југоисток за денеска се најавува нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

Во делови од Скопската котлина ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност, а за време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло.

ПредходнаГрад Скопје го зголеми данокот за фирмарина за 100 отсто, компаниите ќе плаќаат по 8.000 денари
СледнаБлокирани сме, Бугарија останува на своето. Гаши не ја убеди Доцова