дома Македонија Левица обвинува за непотизам, судир на интереси и партизација на МВР, Тошковски...

Левица обвинува за непотизам, судир на интереси и партизација на МВР, Тошковски со одговор – го напаѓате оној кој работи

Не се напаѓа оној кој не работи, туку оној кој менува нешто, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Собранието каде денеска на дневен ред е интерпелацијата за него поднесена од партијата Левица.

Интерпелацијата ја оцени како само евтин политички обид да се закочи процесот на расчистување со криминалот и корупцијата, нагласувајќи дека МВР за првпат покажува оти законите важат еднакво за сите.

– Не се напаѓа оној што не работи, не се троши толкава енергија за оној што не менува, туку само за оној што менува нешто, а токму тоа и најмногу ве боли. Најбитно од се, вас ве боли тоа што македонските граѓани конечно гледаат надеж дека во Македонија конечно нешто може да се смени на подобро, рече Тошковски.

Интерпелацијата која е трета по ред поднесена за него, рече дека е историска за период од две години власт.

– Ова е трета интерпелација за период од две години што е побарана од мене. Мислам дека е историска, не верувам дека досега имало три интерпелации, особено не за две години власт и сакам јавно да истакнам дека тоа е демократско право на опозицијата и го почитувам и лично ќе одговорам на се она што ценам дека сум должен. И кога ќе се прочита интерпелацијата може да се заклучи дека напишанто и кажаното е контрадикторно само по себе. Зборевте за се, само не за тоа што јас го работам денеска и тоа за што треба да одговорам пред македонските граѓани – зборевте за адвокатура, студии, членови на мое семејство, ама не кажавте ништи за она што се бројки и факти, македонска реалност, имплементирани проекти, чувство на безбедност кај македонските граѓани и се она што значит подобрување на животот на македонските граѓани, рече Тошковски.

Левица поднесе втора интерпелација за Тошковски. Лидерот на партијата Димитар Апасиев, образложувајќи ја интерпелацијата обвини за непотизам, судир на интереси, партизација на полицијата и целосен неуспех во раководењето со МВР.

Апасиев рече дека Тошковски е типичен пример за политички опортунизам и кадар изграден во структурите на ВМРО-ДПМНЕ, чија кариера напредувала благодарение на партиски врски и влијанија.

Според Апасиев, Тошковски бил фаворизиран адвокат на функционери и структури блиски до ВМРО-ДПМНЕ, застапувајќи високи партиски функционери и лица обвинети во предмети на поранешното Специјално јавно обвинителство.

Апасиев оцени дека Тошковски, кој повеќе од две години е на чело на Министерството за внатрешни работи, наместо да воведе ред во институцијата, ја претворил во „фамилијарна тезга“ во која роднини и блиски лица добивале унапредувања и привилегии.

– Во СВР Велес првите братучеди си ги унапредивте, баџанакот стана доцент на Факултетот за безбедност, а најдобрите студенти остануваат без шанса. После се чудите зошто младите бегаат од државата, рече Апасиев.

Посочи дека Тошковски како адвокат бил поврзуван со контроверзни бизнисмени, градежни проекти и фирми кои работеле спротивно на законските ограничувања за адвокатската професија.

– Како може министер за ред и безбедност, џандарот над џандарите, фирмата да ја префрли токму на човек кој бил обвинет во случај за перење пари? Тоа отвора сериозни сомнежи за начинот на кој функционира човекот што денес ја води полицијата, рече Апасиев.

За трагедијата во Кочани рече дека Тошковски не понел
ниту морална, ниту политичка одговорност.

ПредходнаМадона за преселбата во Британија: Многу е полесно да се оди на натпревари ако живеете во Лондон
СледнаПоранешен советник на ХДЗ претепан до смрт во Задар