СДСМ денеска ја повика Антикорупциската комисија да ги истражи наводите објавени во медиумите за фирма во Бугарија на генералниот секретар на Владата Игор Јанушев.

– ДКСК не смее да биде нем набљудувач на скандалите на власта. ДКСК мора веднаш да отвори предмет, да ги провери сите факти, да ги побара сите документи и без одлагање да ја информира јавноста. Дали Игор Јанушев пријавил сѐ што бил должен да пријави согласно закон или криел?, изјави Богданка Кузеска од СДСМ.
Посочи дека Законот предвидува и казна доколку се докаже дека криел удел во фирма и ќе мора да одговара.
– Бидејќи Јанушев го нема втор ден институциите се должни да ги дадат одговорите. Овој скандал го открива целото лицемерие на Мицкоски и ВМРО, целиот нивни лажен наратив. Дали сега Јанушев, како генерален секретар на Владата, ќе поднесе оставка додека трае истрагата за неговата компанија во Бугарија?, праша Кузеска.




