Министерството за надворешни работи на Бугарија соопшти дека не дистрибуирале дипломатска нота или друга официјална кореспонденција поврзана со посетата на членови од семејството на премиерот Мицкоски.

– Информациите што циркулираат во јавноста во последните денови се однесуваат на вербална нота од 6 јануари 2026 година и се однесуваат на настани што одамна поминале. Во моментов, оваа информација не може да се сфати како основа за заклучоци дека постои непосредна опасност по безбедноста на граѓаните на Бугарија или друга земја, посочува бугарското Министерство за надворешни работи за бугарските медиуми.
Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски денеска изјави дека очекува извинување и објаснување од Бугарија за објавувањето на дипломатската нота за посетата на сопругата и синот на Мицкоски во Пампорово.




