Под влијание на циклонска активност од југоисток за денеска се најавува нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

Во делови од Скопската котлина ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степени.
Во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност, а за време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло.




