дома Македонија СДСМ ја повика Антикорупциска да провери дали Јанушев пријавил се во анкетниот...

СДСМ ја повика Антикорупциска да провери дали Јанушев пријавил се во анкетниот лист

СДСМ денеска ја повика Антикорупциската комисија да ги истражи наводите објавени во медиумите за фирма во Бугарија на генералниот секретар на Владата Игор Јанушев.

– ДКСК не смее да биде нем набљудувач на скандалите на власта. ДКСК мора веднаш да отвори предмет, да ги провери сите факти, да ги побара сите документи и без одлагање да ја информира јавноста. Дали Игор Јанушев пријавил сѐ што бил должен да пријави согласно закон или криел?, изјави Богданка Кузеска од СДСМ.

Посочи дека Законот предвидува и казна доколку се докаже дека криел удел во фирма и ќе мора да одговара.

 – Бидејќи Јанушев го нема втор ден институциите се должни да ги дадат одговорите.  Овој скандал го открива целото лицемерие на Мицкоски и ВМРО, целиот нивни лажен наратив. Дали сега Јанушев, како генерален секретар на Владата, ќе поднесе оставка додека трае истрагата за неговата компанија во Бугарија?, праша Кузеска.

ПредходнаОвој едноставен трик со вашиот мобилен телефон може да ви помогне брзо да забележите крлеж
СледнаМуцунски: Очекуваме извинување и брз одговор од бугарските институции за дипломатската нота