дома Македонија Може ли идните пензионери да останат без пензии?

Може ли идните пензионери да останат без пензии?

Ревизорскиот извештај за Фондот за пензиско и инвалидско осигуривање и неодамнешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски за вториот пензиски фонд ја отвораат дилемата колку досегашните реформи во пензискиот систем ги даваат очекуваните резултати и постои ли опасност идните пензионери да останат без пензии иако во текот на целиот работен век двојат пари за пензионерските денови.

Ревизорите излегоа со информација дека до крајот на февруари годинава Фондот на ПИОМ должел 136,4 милиони евра за здравствено осигурување на пензионерите и дека кон приватните пензиски фондови останале нераспределни придонеси од 42,2 милиони евра.

Фондот за ПИОМ уверува дека не е доведена во прашање финансиската стабилност на Фондот и дека пензиите се сигурни. Ревизорскиот извештај се однесува на периодот од 2024 година, велат од ПИОМ.

Фондот на ПИОМ уверува дека не се доведени во прашање ниту пензиите, ниту здравственото осигурување

Сомнежите ги подгреа и изјавата на премиерот Мицкоски кој на гостување во поткаст рече дека не е сигурен дека вториот столб ќе ги даде очекуваните резултати и дека голем дел од корисниците на кои дел од средствата им одат во вториот столб, нема да бидат задоволни од она што ќе го видат на сметките.

Според опозициската СДСМ, дупката во ПИОМ е зголемена и надминува 40 проценти.

– Кога владата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во 2017 година го затекна фондот со дефицит од 50%, тој дефицит постепено се намалуваше со цел да биде сѐ повеќе и повеќе стабилен и да може да исплаќа пензии. Дефицитот од 50% се намали на 30% со еден стабилен систем. Откако дојде оваа власт во 2024 година дупката повторно се зголемува и сега надминува 40%, изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Сите пензионери изгубија пари со линеарното покачување на ВМРО .Загрозен е вториот пензиски столб

Експертите веќе подолго време предупредуваат дека дупката во ПИОМ мора да се менаџира, а како предлози ги посочуваат укинување на ослободувањата за даноци и придонеси и зголемување на придонесот за пензиско осигуурување.

 

ПредходнаМоментите од ужасните земјотреси во Венецуела
СледнаВИДЕО: Земјотреси уништија хотел во Венецуела