дома Македонија ФЗОМ ќе презентира кои лекови и терапии биле најкористени за периодот 2023-2025

ФЗОМ ќе презентира кои лекови и терапии биле најкористени за периодот 2023-2025

Фондот за здравствено осигурување на Македонија денеска ќе го презентира извештајот за потрошувачката на лекови за периодот 2023-2025 година кој дава увид во трендовите на користење на лековите, најкористените терапии и предизвиците во обезбедување одржлив и достапен систем на лекови за осигурените лица.
Од Фондот за здравствено осигурување велат дека извештајот содржи релевантни податоци и анализи што ја отсликуваат состојбата во фармацевтската потрошувачка во земјата и претставуваат важна основа за идните политики и мерки во здравствениот систем.
Извештајот ќе го презентира директорот на Фондот Сашо Клековски.
ПредходнаПретпладне доста топло, попладне наместа невреме
СледнаРибар го снимил моментот на земјотресот во Венецуела oд 7,2 степена