
Според информациите на грчките власти, сообраќајот ќе биде целосно прекинат на делницата меѓу клучките К7 (Ептапиргио) и К8 (Триандрија), поради работи поврзани со големиот инфраструктурен проект „Флајовер“, кој треба да ја растовари сообраќајната мрежа околу вториот по големина грчки град.
Возилата ќе бидат пренасочувани низ градските улици на Солун, што може да предизвика дополнителни застои, особено во период кога илјадници туристи од Северна Македонија, Србија и Бугарија традиционално патуваат кон плажите на Халкидики.
Грчката сообраќајна полиција апелира до возачите да избегнуваат непотребни движења во затворената зона, внимателно да ја следат поставената сигнализација и да планираат дополнително време за патување. За товарните возила се предвидени посебни ограничувања и алтернативни правци.




