дома Магазин ФИЛМОВИ ЗА МАЈЛС ДЕЈВИС, „ДЈУРАН ДЈУРАН“ И „КРАФТВЕРК“ НА 12. ФЕСТИВАЛ СКОПЈЕ...

ФИЛМОВИ ЗА МАЈЛС ДЕЈВИС, „ДЈУРАН ДЈУРАН“ И „КРАФТВЕРК“ НА 12. ФЕСТИВАЛ СКОПЈЕ СИНЕМА СИТИ

Филмови за Мајлс Дејвис, „Дјуран Дјуран“ и „Крафтверк“ ќе бидат дел од 12. издание на фестивалот на музички документарци Скопје синема сити, што ќе се одржи на 26 и 27 јуни во кино Фросина во Младински културен центар.

На отворањето од 20 часот ќе биде прикажан документарниот филм „Мајлс Дејвис: Раѓањето на култот“, во чест на 100 години од раѓањето на легендарниот џез-музичар.

Втората фестивалска вечер се проекциите на „Дјуран Дјуран: Зад музиката“, кој го следи подемот на поп-иконите на 1980-тите и на „Крафтверк: Поп-арт“, посветен на пионерите на електронската музика.

Директорот на фестивалот Ненад Георгиевски вели дека програмата ја опишува музиката како двигател на општествени и уметнички промени.

Предходна„Скопско лето“ денеска.Изложба, концерт на хорот „Фрида од Македонија“ и претстава на турски театар
СледнаДина Јашари ќе ја загрее сцената за концертот на „Дјуран Дјуран“ на 2 јули во Скопје