дома Македонија Политика Мицкоски: Не очекувам промени во евроинтеграциите, се бараат конструктивни решенија во рамките...

Мицкоски: Не очекувам промени во евроинтеграциите, се бараат конструктивни решенија во рамките на возможното за регионот

Мицкоски:  Не очекувам промени во евроинтеграциите, се бараат конструктивни решенија во рамките на возможното за регионот

  Не очекувам дека во евроинтегративниот процес ќе има какви било промени, бидејќи тоа е договор којшто може да се промени само со консензус. Не очекувам дека некои од земјите членки ќе сакаат да се промени тој договор во којшто би изгубиле делумно од своите позиции, но затоа двете, според мене највлијателни земји-членки Франција и Германија дадоа еден предлог во којшто истовремено ќе го забрзаат интегрирањето и ќе му понудат можности на регионот како нивен приоритет, изјави премиерот Христијан Мицкоски во Отвореното студио на Националниот сервис по повод две години Влада.

Мицкоски оцени дека, како што рече, „претходната влада, притисната од неуспехот да испорача дома, буквално беше во состојба бел лист хартија да потпишеме, мислејќи дека на тој начин ќе ја добие милоста да продолжи да биде влада. Очигледно дека таа стратегија не успеа и тие се сега опозиција и таму кај што се“.

-Но сега проблемот ние го имаме, како и многу други проблеми кои што треба да ги решаваме. Нашиот пристап кој е? Ние велиме во ред, ние не можеме да го игнорираме слонот. Слонот е во собата, но ајде да видиме дали е ова последно. Вие велите ова е последно. Ако е тоа така, дајте тоа да го формализираме некако. Видете и тоа не е гаранција. Ние имавме пресуда од Европскиот суд на правдата во Хаг против нашиот јужен сосед, пресуда дека сме во право, па повторно не блокираа, кога дојде ред да се интегрираме во НАТО. Но е подобро од ништо, бидејќи секој заклучок ја добива поддршката институционално од сите земји членки, истакна Мицкоски.

Според него, тоа е најголемиот проблем и токму тоа е суштината во протоколот еден и два.

-Во политиката вие стратешки мора да ги гледате и анализирате пред да ставите потпис. Кога ќе ставите потпис, претходно мора да имате предтекст на што ставате потпис и да антиципирате можни предизвици. Затоа што ние оваа трка немаме намера да ја почнеме. Ние имаме намера да ја завршиме. Нашата цел како Влада, со мудрост, со тактика, со стратегија, да се обидеме да го исправиме тоа кое што е погрешно направено. Криво засадено семе криво изртува, оцени Мицкоски.

Во однос на тоа кои биле мотивите за објавување на нотата, Мицкоски оцени дека тоа е организирана кампања, која што е забележлива во овој период.

Филипче: Мицкоски нема одговор на ниту едно прашање затоа посегнува по закани

-Мислам дека се две работи. Мислам дека се ниски страсти и второ организирана кампања која што во овој период е забележлива. Сега ние сме зафатени со други активности во рамките на партиската реконструкција, владината реконструкција и го користат овој слободен простор еден-двајца политички ликови во државава да се обидат да промовираат нешто кое што никој не може да го прифати, рече Мицкоски, оценувајќи дека во политиката нема случајности.  

Фото: Принтскрин

Тагови

ПредходнаЗапочнува баш долго и топло лето, до 37 степени
СледнаФилипче и Мицкоски од собраниската сала: „Нула резултати за две години“ наспроти „Требаше да сте зад решетки“