Добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година за најдобра поетска книга меѓу две изданија на фестивалот Струшки вечери на поезијата, објавена на македонски јазик ќе биде објавена денеска на прес-конференција.

Со меѓународно поетско читање „Матине“ во предворјето на црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид и посета на знаменитостите на градот во петок (26 јуни) продолжува програмата на 65-тите јубилејни Струшки вечери на поезијата.
На годинешниот конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ 2026 година, организиран од НУМ „Струшки вечери на поезијата“, се пријавија 35 автори со вкупно 37 поетски книги објавени меѓу две фестивалски изданија, во период од 01.06.2025 до 01.05.2026 година.
Манифестацијата ќе продолжи со поетско читање „Плејади“ и поетски портрети, како и меѓународно поетско читање „Кругови 2“ и „Ноќ без интерпункција“ со читање на поети застапени во антологијата приредена од Иван Џепароски – „Камен и земја“ и читање на поетите во конкуренција за наградата ЕНХАЛОН.





