дома Свет Илјадници луѓе без струја во Нов Зеланд по бури, поплави и лизгање...

Илјадници луѓе без струја во Нов Зеланд по бури, поплави и лизгање на земјиштето

   Илјадници луѓе останаа без струја во Нов Зеланд поради обилни врнежи од дожд, поплави и лизгање на земјиштето низ централните делови на земјата, соопштија властите во понеделник.


Според податоците од компанијата „Powerco“, денес се пријавени повеќе од 3.000 прекини на електричната енергија, еден ден откако бурите ги погодија регионите, вклучувајќи го и главниот град Велингтон, објави Ројтерс.
Метеоролошката служба „MetService“ соопшти дека времето постепено се стабилизира, но службите за итни случаи предупредија на остатоци на патиштата, површински поплави и ризик од повеќе лизгање на земјиштето.
Бурата, исто така, доведе до откажување на околу 200 летови во и од Велингтон вчера, додека поплави и две лизгања на земјиштето беа регистрирани во областа Долен Хат.
Властите потсетуваат дека во слични временски услови во јануари, на Северниот Остров се случи лизгање на земјиштето, при што загинаа шест лица.

ПредходнаКлиматизацијата во седиштето на ЕК е исклучена, но не и на катовите каде што се шефовите.
СледнаЗапален пасатот на адвокатот Алиспахиќ