дома Свет Иран одговори на американските напади

Иран одговори на американските напади

Корпусот на Исламската револуционерна гарда објави дека започнал напади врз американските воени позиции на Блискиот Исток , објави ТВ каналот „Прес“.

Иранската војска, исто така, прецизираше дека нападите биле извршени како одговор на американскиот напад што бил извршен неколку часа претходно.

Како што објави американската команда, вооружените сили на САД нападнаа некои воени објекти во Иран како одговор на нападот извршен од ирански беспилотни летала врз трговски брод во Ормутскиот теснец.

„Американските авиони нападнаа ирански складишта за ракети и беспилотни летала, како и крајбрежни радарски станици, откако Иран го нападна M/V Ever Lovely со ударно беспилотно летало на 25 јуни“, се вели во соопштението на Централната команда на САД на Блискиот Исток (CENTCOM).

Според иранската државна телевизија, пред Исламската Република да биде подложена на американски напади, силите на Исламската револуционерна гарда испукале неколку предупредувачки истрели во правец на трговски бродови во Ормутскиот теснец .

Америка повторно го нападна Иран

 

Според соопштението, истрелите биле насочени кон „ бродови кои ги прекршиле договорите и не ги координирале своите дејствија со иранските власти “.

Приближно пет часа подоцна, две гранати погодија комуникациска кула во градот Сирик, во иранската покраина Хормозган.

ПредходнаВојната дојде во Москва
СледнаКлиматизацијата во седиштето на ЕК е исклучена, но не и на катовите каде што се шефовите.