дома Свет Тројца членови на семејство убиени во Рим, малолетниот син повреден

Тројца членови на семејство убиени во Рим, малолетниот син повреден

  Татко, мајка и нивната малолетна ќерка беа пронајдени мртви во семејна куќа на периферијата на Рим, откако беа избодени со нож, објавија италијанските медиуми утрово.
Злосторството се случило на Виа Монтиљо, во областа Пинета Сакети, каде што полицијата и форензичките служби реагирале на местото на настанот, објави Анса.
Истрагата е во тек, а случајот го води Одделот за сериозни кривични дела на римската полиција.
Според извештаите на медиумите, жртвите се по потекло од Бангладеш и не ѝ биле познати на полицијата.
Повреден малолетник, најстарото дете на двојката, исто така е пронајден на местото на злосторството и му е укажана лекарска помош.
Во моментов не се објавени детали за неговата здравствена состојба.

ПредходнаНов земјотрес, со магнитуда од 4,7 степени по Рихтер ја погоди Венецуела
СледнаБолтон се изјасни за виновен во случајот со класифицирани информации