дома Локално Ѓорѓиевски: Вардариште заминува во историјата

Ѓорѓиевски: Вардариште заминува во историјата

Скопскиот градоначалник во објава на Фејсбук информира дека процесот на одгаснување на депонијата Вардариште се одвива со одлична динамика согласно предвидениот проект.
– Депонијата Вардариште, која со децении е една од најголемите црни точки на Скопје, полека но сигурно заминува во историјата. Процесот на одгасување се одвива со одлична динамика и согласно предвидениот проект.
На терен интензивно се поставуваат цевки, шахти и целокупната потребна инфраструктура, како дел од сериозниот и системски пристап кон трајно решавање на овој децениски проблем. Ова е почеток на нова приказна за Скопје, напиша Ѓорѓиевски.
На местото на депонијата треба да се изгради мега парк со зеленило и место за рекреација.
– Скопје заслужува чиста животна средина, уредени простори и визија што се реализира на дело. Вардариште заминува во минатото, пишува во објавата на Ѓорѓиевски.
ПредходнаДегна вирусот и во Македонија, симптоми и како се пренесува
СледнаАвионско прскање против комарци утре во Скопје