дома Локално Гори во Гази Баба и Липково

Гори во Гази Баба и Липково

Центарот за управување со кризи попладнево излезе со нови информации за состојбата со пожарите на отворен простор низ државата, каде во моментот две жаришта се сè уште активни.

Противпожарните екипи се на терен и интервенираат на локациите каде што огнот зафатил ниска вегетација и земјоделски култури.

Во официјалното соопштение од Центарот за управување со кризи се наведува:

„Три пожари на отворен простор се евидентирани до 14 часот денеска, два од нив се сѐ уште активни, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. Првиот активен пожар е во општина Гази Баба, кај село Трубарево, каде гори ниска вегетација и ниска шума. Другиот активен пожар е на територија на општина Липково, кај село Опаје, каде се зафатени ниска вегетација и жито.“

Истовремено, надлежните информираат дека еден од пријавените пожари во текот на денот е веќе целосно ставен под контрола.

За интервенцијата во велешкиот регион, од ЦУК го соопштија следново:

„Изгаснатиот пожар бил на подрачјето на општина Велес. На улицата „Димко Најдов“ опожарена била ниска вегетација.“

 

ПредходнаМакедонија и Албанија денеска потпишуваат договор за заеднички гранични премини
СледнаПотврден случај на „Денга треска“ во Македонија