дома Македонија Дегна вирусот и во Македонија, симптоми и како се пренесува

Дегна вирусот и во Македонија, симптоми и како се пренесува

Температура, болка во коските и мускулите, осип кој наликува на морбили се дел од симптомите на дегна треската која е регистрирана и во земјава кај 42-годишен жител на Бангладеш кој пристигнал во државата по работа.

Болеста уште се нарекува и „коскокршечка треска“ поради можноста да се јават силни болки во коските.

Симптимите обично се појавуваат од четири до седум дена и кај некои луѓе се благи и се мешаат со обичен грип, но кај мал процент може да преминат во потешка форма.

Преносители се комарците, особено од типот на комарец „Aedes aegypti. Касаат најчесто дење и човекот може да се зарази од само еден убод.

Досега дегна треската ја има во 110 држави и секоја година околу 50 до 100 милиони луѓе заболуваат.

Се работи на вакцина и на лекарства за директно лекување на вирусот. За да се спречи инфекцијата, Светската здравствена организација (СЗО) предлага контрола на популацијата на комарци и заштита од убоди на комарците кај луѓето.

По регистрирањето на првиот случај на денга вирусот кај нас, здравствените власти во земјава смируваат – нема потреба од паника, нема ризик за ширење на болеста.

Потврден случај на „Денга треска“ во Македонија

 

 

 

ПредходнаПотврден случај на „Денга треска“ во Македонија
СледнаЃорѓиевски: Вардариште заминува во историјата