дома Свет Нов земјотрес, со магнитуда од 4,7 степени по Рихтер ја погоди Венецуела

Нов земјотрес, со магнитуда од 4,7 степени по Рихтер ја погоди Венецуела

Нов земјотрес, со магнитуда од 4,7 степени по Рихтер, го погоди северниот брег на Венецуела во петок попладне по локално време, со епицентар 86 километри северозападно од главниот град Каракас, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.


Земјотресот, според соопштението, бил на длабочина од 10 километри.
Во ноќта помеѓу среда и четврток, земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени по Рихтер ја погодија Венецуела, во кои, според досегашните официјални податоци, загинаа најмалку 920 лица, а 3.360 се повредени.
Околу 50.000 лица се водат како исчезнати.

Бројот на жртви во Венецуела драматично се зголемува, 50.000 се водат како исчезнати

ПредходнаПартиските пазарења за реконструкција на Влада е во тек, и отчет за сработеното
СледнаТројца членови на семејство убиени во Рим, малолетниот син повреден