дома Свет Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија,...

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија, нема предупредување за цунами

 Земјотрес со прелиминарна јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди североисточниот дел на Јапонија рано утрово, но не е издадена закана од цунами, објави Јапонската метеоролошка агенција.

 

Епицентарот на земјотресот, кој се случи утрово во 5:21 часот по локално време, беше во Тихиот Океан, во близина на префектурата Ивате, на длабочина од околу 40 километри, според Јапонската метеоролошка агенција, пренесува Кјодо.
Земјотресот достигнал јачина од 5 степени според јапонската сеизмичка скала од 7, во делови од префектурите Аомори и Ивате.
Не се пријавени прекини во нуклеарната централа Хигашидори во Аомори или во нуклеарниот комплекс Онагава во префектурата Мијаги, според Тохоку Електрик Пауер.
Земјотресот се случи само неколку дена откако земјотрес со магнитуда од 7,2 степени го погоди истиот регион, при што беа повредени најмалку 10 лица и беше прекинат брзиот железнички сообраќај, а училиштата беа привремено затворени.
Во петокот, земјотрес со магнитуда од 5,6 степени ја погоди централната јапонска префектура Јаманаши, во близина на планината Фуџи и околните области.
Според Јапонската метеоролошка агенција, последниот пат кога толку силен земјотрес бил регистриран во префектурата Јаманаши бил во 1924 година и земјотресот не бил поврзан со вулканска активност на планината Фуџи, објави Кјодо.

Предходна28 јуни 1948. Разделбата меѓу Тито и Сталин
СледнаВо Тирана и натаму на протести се бара оставка од премиерот Еди Рама