дома Македонија Општество И до четири часа за влез од Грција во Македонија на „Богородица“

И до четири часа за влез од Грција во Македонија на „Богородица“

Долги колони од вчера попладне има на границата меѓу Грција и Македонија на граничниот премин „Богородица“.

Граѓани на социјалните мрежи коментираат дека чекањето трае и до четири часа.

Колоните од автомобили, автобуси, кампери и мотори се протегаат со километри во меѓуграничниот простор.

Во спротивен правец, односно за влез во Грција нема подолги задржувања, како што имаше утрово. Жешкото јунско сонце дополнително ја отежнува ситуацијата, а меѓу патниците има и голем број семејства со мали деца, затоа препорака е преку АМСМ да се провери сосотојбата на границата и да се трга во вечерните часови кога времето на чекање веројатно ќе биде исто ама ќе го нема жешкото сонце.

 
ПредходнаСиндикатот на културата поднел претставка до Меѓународната организација на трудот
СледнаКино под отворено небо во „Сити мол“ во Скопје