Приведен е 51-годишен маж под сомнение дека убил 48-годишна жена со која живееле во иста куќа. Во врска со случајот приведени се уште три лица.

Во петокот 51-годишниот маж со иницијали С.Г. со престојувалиште во скопското село Таор пријавил во полициска станица дека од домот се оддалечила 48-годишната Ж.Г., а во саботата дека ја пронашол почината во близина на селоот Летевци.
– На местото излегле полициски службеници и јавен обвинител, по што телото кое било во фаза на распаѓање, по наредба на јавен обвинител е предадено на судска медицина за обдукција. Со С.Г. е извршен службен разговор и тој е лишен од слобода, а во врска со случајот лишени се од слобода и З.М.(62), Г.Б.(64) и М.Д.(69), соопшти денеска МВР.
Обвинителството соопшти дека се работи за нејзиниот поранешен сопруг и за уште тројца негови пријатели.
Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.




