Жената од скопското село Таор ,која беше пронајдена мртва, починала од насилна смрт поради што е приведен нејзиниот поранешен сопруг, а задржани се и тројца негови пријатели, соопшти Обвинителството.

Оттаму информираат дека ноќеска дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на МВР извршиле увид на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летевци, каде што било пронајдено безживотно тело.
– Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата, при што потврдено е дека смртта е насилна. Под сомненија за сторено кривично дело лишен од слобода е поранешниот сопруг на жртвата, а задржани се и тројца негови пријатели, велат од Обвинителството.




