дома Македонија И ВЛЕН со отчет за сработеното за две години

И ВЛЕН со отчет за сработеното за две години

По отчетот на министрите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за сработеното во изминатите две години откако ја презедоа власта, денеска отчет за сработеното ќе даде и коалицискиот партнер Влен.

Под мотото „ВЛЕН – 24 месеци работа: Транспарентност и отчетност“, коалицискиот партнер од албанскиот блок ќе го одржи отчетот во хотелот Холидеј ин со почеток во 13 часот. 

Изминатите денови отчет дадоа повеќето министри од ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои министрите за надворешни и за внатрешни работи, за финансии, за образование, за дигитална трансформација, за култура…

ПредходнаЛондон уапси маж кој со автомобил удрил пет лица на прометна шопинг улица
СледнаСАД започнаа нови напади врз Иран