Продолжува периодот на многу топло време. За денеска синоптичарите најавуваат максимални температури од 31 до 38 степени.

Во Скопје, утринската температура ќе биде близу 20-тиот степен, а дневната до 38 степени.
Високите температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.
Мал пад на дневната температура се очекува од среда за кога се најавува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.




